Јакимовски: Заев сака да создаде хаос кој мисли дека ќе го контролира

by Фокус

Ќе го браниме правото да живееме во стабилна и просперитетна држава, во која малцинството нема да го тормози мнозинството, порача градоначалникот на Карпош и лидер на владејачката ГРОМ Стевчо Јакимовски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ.

– Приватноста на граѓаните е светост, во која Зоран Заев со месеци чепка и на тој начин ја нарушува нашата слобода и интима. Ни влегол во домовите, тоалетите, спалните… Тој поседува интима на над 26.000 луѓе за да ја искомптомитра владата и институциите, да ги урне столбовите на државата, да создаде хаос кој мисли ќе го контролира, а ќе страдаат граѓаните – изјави Јакимовски.

Тој додаде дека таканаречената „Вистина за Македонија“ има најмалку вистина, а многу повеќе патетика и малограѓанштина.

Поврзани новости