Јакимовски тврди дека вчера во Карпош малку фалело да се случи нов „27 април“: „Мицкоски му е батко на Дрин Ахмети“

by Fokus

Првиот човек на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска во изјава за медиумите изјави дека вчера пред седницата на Советот на општината, се случил настан без преседан, односно како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски организираа против опозицијата за измислен проблем, наместо да организира протести пред Владата.

-Како јас наводно ќе направам улица со која што ќе го срушам зеленилото, шеталиштетот и фонтаната што јас сум ги направил.. Вистината е дека улиците се ГУП и така ќе преземаме. Лага е дека ќе има пет згради и сето тоа го направи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно многу го пече прашањето за хидроцентралите. Само да каже на колку години ја направил првата. Ако каже, ќе видите дека му е батко на Дрин Ахмети и дека не е многу постар од него, кажа Јакимовски пред објектот на општина Карпош.

Како што информира, тој ги повлекол од дневен ред точките за ДУП-от кај Козле бидејќи вработена во општината двапати била удрена.

-Сакав да го избегнам сценариото со „Шлаканиците во Центар“, меѓутоа тогаш тоа беше надвор од објектот, а вчера нивните членови и со заведени граѓани, беа внатре и можеше да настане нов хаос, кој што многу ќе не потсетуваше на 27 април. За да го заштитам дигнинетот на општината и советниците и граѓаните, ги повлеков точките од дневен ред за да се смири ситуацијата, порача Јакимовски.

Поврзани новости