Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, го обвини поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека знаел за вооружена група во Куманово и покрај тоа што во јавноста тврдел дека полицијата била во потрага по илегални мигранти.
-Всушност, вистината беше дека во Македонија ноќта на 26 март во Република Македонија влезе 40 члена криминална група од Косово составена од роднини и другари на притворените од „Диво насеље“ . Тие имаа две цели: да нападнат некој од затворите и да ослободат неколкумина од другарите или пак да киднапираат видни граѓани од Република Македонија и членови на нивните семејства и со нив да бараат размена на притворените од „Диво насеље“- обвинува Јакимовски.
Лидерот на ГРОМ на крајот запраша и дали министерот Спасовски и неговата матична партија СДСМ преговарале со ова „криминално подземјe”.