481
Стевче Јакимовски, поранешниот градоначалник на општина Карпош, денеска се појави во Кривичниот суд, каде што има обврска да се пријавува секој понеделник. Оваа мерка на претпазливост му беше одредена неодамна, односно откако Управата за финансиска полиција го осомничи за злоупотребата на службената положба и овластување при спроведување на два тендера.
Како мерка на претпазливост на Јакимовски му беше одземен и пасошот.