13 годишно момче удрило во бетонски ѕид со мопед, веднаш пренесено во Клинички центар во Скопје

by fokus

13 годишно момче се здобило со тешки телесни повреди, откако управувајќи мопед удрило во бетонски ѕид. При ударот, тешко било повредено и веднаш пренесено на Клинички центар во Скопје, пренесуваат од МВР.

На 19.08.2018 година во 20,50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“, 13 годишно лице од село Сарај, струмичко , управувајќи мопед „ВОГ“ без регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости