486
СДСМ и нивните финансиски чадори за протестите плаќаат професионалци организирани преку Канвас, кои каузата за демократија ја претворија во бизнис за недемократско уривање на владите, изјави Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ.
– Овие протести не се граѓанско движење со спонтан излив на незадоволни луѓе од оваа власт и од оваа држава, во овие протести има се и сешто. Има и домашно незадоволство, тоа е точно, но има и увезени и оркестрирани подбуцнувачи, односно кои се докажани на терен и веќе афирмирани надвор од РМ за пари. Средства кои се уплатени им доаѓаат однадвор преку невладините организации кои се добро познати на македонската јавност со цел да се изврши увезена или нарачана дестабилизација – рече Јакимовски.