429
Стевчо Јакимовски, лидер на владејачката ГРОМ, побара институционална разрешница на случајот „Пуч“ и воедно ги осудува сите обиди за политичка инструментализација на случајот.
-Ги осудуваме сите организирања кои под лицемерното мото дека ја бранат државата водат кон натамошни поделби на македонскиот народ од типот на бранители, соросоиди и предавници. Особено апелираме до сите јавни личности кои што шират омраза, а заради искористување во функција на сопствено поентирање, да престанат да шират негативна енергија и да создаваат зла крв меѓу граѓаните на Македонија, рече Јакимовски пред почетокот на седницата на ЦО на ГРОМ – рече Јакимовски пред почетокот на седницата на Централниот одбор на ГРОМ.