578
Премиерот Никола Груевски изјави дека заклучоците од седницата на партискиот Централен комитет не треба да се толкуваат како на повик за граѓанска војна, туку за политичка борба.
– Под борба подразбираме политичка борба за напредок на Македонија, за зачувување на достоинството, напредок на економијата, демократијата и подобар живот за сите граѓани – рече Груевски.
Во сооопштението стои дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, согласно својот статут и континуитетот на кој се повикува, а поврзан со суштината на делувањето на историското ВМРО, има одговорност да се бори против деструктивни потези чија цел е спротивна на националните и државни интереси.