Фото: Слободен печат
Нити сме ја злоупотребиле службената положна, нити имало организиран криминал нити некој нешто украл, ниту дома однел нешто. Општината е таму, плоштадот е таму. Нема смисла што се малтретираат повеќе колеги за работи што немаат врска со било каква корупција – изјави поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, по излегувањето од Кривичниот суд каде беше на распит пред судија на претходна постапка.
Судијата одлучи да ги прифати барањата на Основното јавно обвинителство, на Јакимовски и неговите поранешни соработници да им одреди мерки на претпазливот и да им ги одземе патните исправи.
Во врска со навредите кои ги упати кон новинарите при доаѓањето во судот, Јакимовски рече дека нема намера да се извинува.
-Кон одредени луѓе немам намера да се извинувам, на оние кои се коректни сакам да ги поздравам на нивната коректност и сакам да им честитам за нивната професионалност, кон оние кои не се професионални немам намера да се извинувам – рече Јакимовски.