„Во сегашнава ситуација ние сме држава во која немаме парламент, а имаме пратеници, која нема влада, а има министри и заменици и практично единствена стабилна институција во оваа држава е само претседателот на државата, истакна Стевчо Јакимовски, откако денеска на второто собрание на партијата е реизбран за лидер на ГРОМ.
– Крајно неодговорно од сите политички партии е сегашната ситуација во политиката и за ова мора да има брза разрешница, или влада или нови избори. Статус-кво ситуацијата може да донесе огромна штета за Република Македонија, со оглед на безбедносната состојба во регионот и пошироко – истакна Јакимовски.
Тој во својот говор инфомираше и дека ГРОМ не го прифаќа Специјалното јавно обвинителство.
– Не го признаваме СЈО затоа што има своја фабричка маана (спротивен е на Законот за судство и на Уставот на Република Македонија). Однапред знаевме дека ќе биде партиска инквизиција и најмалку ќе работи за доброто на граѓаните, а тоа е да ја дознаат вистината – додаде Јакимовски.