ОЈО истражува поранешни функционери на МВР за притисок врз гласачи

by fokus

Основното јавно обвинителство информира дека спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.

Како што велат од ОЈО, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.

-Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази, стои во соопштението на ОЈО.

Поврзани новости