Војната во Украина покажа дека сите земји во Европа, вклучувајќи ги и земјите членки на НАТО, се во состојба да водат војни од таканаречен низок интензитет, меѓутоа за долготрајни војни практично недостасуваат многу ресурси, изјави кандидатот за претседател Стефчо Јакимовски.
„Очигледно е дека се истрошија сите резерви на оружје и опрема, како и на муниција во целиот свет и тоа јасно покажува дека тој недостаток ќе трае и во иднина. Тоа значи дека македонската економија под итно треба да размислува за развој на наменската индустрија. На Машинскиот факултет во Скопје мора да се отвори катедра за вооружување. Во исто време оние делови што беа способни да произведуваат делови за тенкови, а тоа беше мултипликаторот, кој беше битен дел за тенкот Т-72, како и друга битна опрема за МЗТ-фоп, треба да се види дали сето тоа може да се рестартира, како и останатите фабрики во Република Македонија затоа што гладта и потребата да се компензира тоа оружје и муниција и опрема што е потрошена во овој временски период и тоа како ќе има потреба да се надомести, да се обезбедат резерви и ова е само една поука дека многу повеќе оружје и опрема треба да се складира и да се чува за една тешка војна.
Од друга страна, војната во Украина мора еден ден да заврши, а тоа значи дека ние мораме да го подготвиме нашето стопанство за учество на украинскиот пазар, како во делот на прехраната, како во делот на трговијата, производството на репроматријали, суровини, оосбено во делот на градежни материјали и треба да ја подготвиме нашата градежна
оператива, како нискоградбата така и високоградбата за учество на украинскиот пазар затоа што за Украина ќе има маршалов план со којшто таа земја ќе мора да се реконструира, ќе мора да се обновува, а Македонија е на петто место по глава на жител по пружена помош на украинската војска, а тоа значи дека во мирнодопско време не смееме тоа
да го запоставиме. Во усто време овде треба да отвориме јавни работи и во делот на нискоградбата и во делот на високоградбата, што значи дека нашата градежна оператива треба да биде во кондиција за да може да настапува на тој украински пазар во иднина“ – истакна Јакимовски.