Јакимовски: Да се поништи договорот меѓу Заев и Борисов како што Бугарија го поништи договорот со Тито

by Фокус

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој е поранешен министер за економија и градоначалник на Карпош, вели дека ќе предложи поништување на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

„Со сета одговорност како човек кој долго време се занимава со политика, ќе предложам на новата влада да го поништи договорот „Заев-Борисов“ исто онака како што Бугарите го поништија договорот потпишан помеѓу „Тито и Димитров“. Како што тие сега велат дека Ѓорѓи Димитров бил предавник исто така и ние ќе го сметаме Заев за предавник“, напиша Јакимовски на фејсбук.

Тој додава дека Гоце Делчев за Бугарија не значел ништо штом, како што вели, Бугарија своевремено ни ги ги дала неговите коски.

Поврзани новости