Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, го поддржува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да ги издржи притисоците за внесување на Бугарите во Уставот, и покрај тоа што, како што рече, се на спротивставени страни.
-Тука сме апсолутно на исти страни, зошто најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите – рече Јакимовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој ја нарече великобугарска политиката која ја води нашиот источен сосед.
-Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете уште со само француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе учат бугарски јазик – рече Јакимовски.
Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.
-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму…Пазете ја тезата „Един народ, две држави – порача Јакимовски.