Јакимовски: Брисел да најде начин кога ќе се одлучува за Македонија, Бугарите да одат да пијат кафе

by fokus

Кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски, во интервју за ,,360 степени”, зборуваше за неговиот став дека не е децидно против внесување на Бугарите во Уставот, но е дециден за комплетно затворање на прашањето со Бугарија.

-Значи Европската комисија ќе си најде начин како Бугарите ќе одат да пијат кафе или ќе појадуваат кога ќе се одлучува за Македонија, како што тоа го направија со Унгарија и со Виктор Орбан. Значи, ние не можеме нонстоп да бидеме изложени на потсмев, буквално сите земји во регионот се потсмеваат со Република Македонија, што се сме направиле за да бидеме дел од Европа. На пример, ние на Србија и служиме како пример за непопусливост затоа што се што попушти Македонија практично бенефитот од тоа не го видовме освен што станавме членка на НАТО-структурите во коишто ќе бевме членка и без да го променевме името зашто сега ни стана јасно на сите дека поради војната во Украина мораше да биде затворено јужното крило на НАТО и тоа беше причината зошто Република Македонија наврат-нанос мораше да влезе во структурите на НАТО, рече Јакимовски.

Поврзани новости