Јагнула Куновска, поранешен пратеник од ДПМНЕ членувала во неколку Управни и Надзорни одбори

by Fokus

Јагнула Куновска, адвокат и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е една од разрешените членови на Управни и Надзорни одбори, во кои членувала веќе неколку години.

Според објавените информации во Службен весник, Куновска на 24 ноември, 2014 година станува член на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиско работење на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници, додека само неколку недели подоцна, на 17 декември, 2014 година таа е назначена за член на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Куновска, исто така на 11 април 2011 година станува член на Советот на МРТ.

Таа во 2006 година влезе во Собранието како пратеник на НСДП, под раководната палка на Тито Петковски, кој во тој период беше во коалиција со „вмровците“, за после една година да се префрли во пратеничката група на ДПМНЕ. Куновска, исто така беше и кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори во 2013 година, каде што ја изгуби битката, па на градоначалничкото столче седна Стевчо Јакимовски.

И.М.

 

Поврзани новости