496
Поранешната хрватска премиерка и поранешен претседател на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Јадранка Косор, се извини на Босна и Херцеговина за оценката на хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ дека таа држава е „нестабилна”.
-Извинување до соседна и пријателска Босна и Херцеговина. На сите народи, напиша Јадранка Косор на Твитер.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за време на посетата на Израел изјави дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам.
– Таа земја денес е под контрола на милитантниот ислам, кој е доминантен во одредувањето ставови, истакна Грабар-Китаровиќ.