409
Министерството за внатрешни работи вчера добило пријава дека во периодот од 30.04 до 02.05.2018 година, непознат сторител извршил кражба во дворот на Основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“.
Сторителот ја украл бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.