ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја клекна државата на колена, уништи се што допре

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека СДСМ ја клекнала државата на колена и уништила се што допрела.

„Уште еднаш се потврди дека СДСМ нема капацитет да ја води државата. Нема реформи, нема развој, нема 600 километри нов автопат, нема просечна плата од 500 евра, нема зголемени пензии, нема 100 илјади денари плати за докторите. Се што може да се види е неспособност и неработење на оваа Влада. Откако се на власт криминалниот картел на СДСМ стана симбол на непотизам, корупција и лично богатење“, велат од таму.

Опозицијата вели дека целта на премиерот и неговите соработниви им е лично богатење, а не подобрување на животот на граѓаните.

„Корупцијата расте, економијата стагнира, а новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји во светот. Патот по кој владата на СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава. Република Македонија мора да се врати на вистинската патека. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости