421
Дваесет и деветгодишната тетовка И.А. вчера пријавила семејно насилство од нејзиниот сопруг С.А.( 29 ), информираа од МВР.
Според полицијата, пред два дена околу 20 часот, по кусата вербална расправија околу изгубена запалка на С.А., тој физички ја нападнал, повеќе пати удирајќи ја пред нивното малолетно дете со тупаници и клоци по главата и телото, а во еден момент ја влечел и за коса, нанесувајќи и видливи повреди. Според кажувањето на И.А, психичко и физичко малтретирање од сопругот неколку пати и се случувало и порано, но не го пријавувала.
По целосното расветлување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.