СДСМ: Не ги трошиме парите за луксуз и барок, туку ги враќаме кон граѓаните

by Фокус

За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните, реагираа од СДСМ кон обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата расипнички ги троши народните пари.

„Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени. Потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости