Ја убил екс сопругата и двете деца, па побегнал

by Fokus

Полицијата во Франција уапси маж осомничен дека на 25 мај ги убил својата поранешна партнерка и двете деца на возраст од 13 и 1 година.

Информациите се дека кобниот ден тој упаднал во станот во кој живеела неговата поранешна сопруга со децата и ја избодел 70 пати по целото тело. Полицијата ги пронашла и безживотните тела на децата, постарата ќерка била избодена повеќе од 10 пати, додека бебето било прободено најмалку 20 пати.

По грозоморното убиство, човекот побегнал, а полицијата по 48 часа успеала да го лоцира и потоа да го приведе.

Според француските медиуми, тој за време на сослушувањето го негираше делото за кое беше обвинет.

Медиумите јавуваат дека осомничениот и е познат на полицијата од претходно, поради семејно насилство.

Во 2021 година, тој беше осуден на една година затвор за насилство врз неговата тогашна сопруга и нивната постара ќерка, со која бараше да се види откако ќе излезе од затвор.

Извори од истрагата потврдија дека три недели пред убиството жртвата повторно поднела пријава против нејзиниот поранешен сопруг, бидејќи се сомневала дека под нејзиното возило ставил непозната направа.

Ден пред убиството повикала и полиција да пријави кражба на накит, пари и документи за што го обвинила поранешниот сопруг.

Не се знае дали полицијата постапила по пријавата.

На осомничениот за бруталното убиство му е одредена мерка притвор, а медиумите во Франција јавуваат дека тој се обидел да се самоубие зад решетки.

Поврзани новости