384
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против двајца кичевчани за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“ откако е најдена дрога во гаражата кај еден од нив.
„26-годишниот Б.Д. набавил 1.184 грама марихуана и 55 таблети диоксиметамфетамин и на почетокот на септември ги сокрил во гаража на второпријавениот 31-годишнот С.М.. Дрогата била пронајдена и одземена на 25.09.2018 година при претрес на полициски службеници во домовите на пријавените“, соопштија од полицијата.