515
Четириесет и едногодишен штипјанец ја претепал својата сопруга, информираа од МВР.
Според информациите од полицијата, вчера во 23,55 часот во просториите на Полициската станица во Штип, по наредба на Основното јавно обвинителство бил задржан Б.Ш. (41) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ над неговата сопруга М.Ш. (38) и постоење на сомнение дека истиот ќе го продолжи делото. Лицето е задржано во рамките на предвидениот законски рок.
Tој кривичното дело го сторил истиот ден околу 10,00 часот во семејниот дом во Штип при што физички ја нападнал неговата сопруга и и нанел видливи повреди.