Ја прекршил судската забрана за приближување поради семејно насилство

by Fokus
Жител на неготинско село, вчера бил приведен бидејќи отишол во домот, иако имал судска забрана за тоа поради претходно семејно насилствo, информираа од велешката полиција.

-Полициски службеници од полициска станица во Неготино лишиле од слобода 39-годишен жител на неготинско село, поради сторено кривично дело по член 377 став 5 од Кривичниот законик, затоа што постапил спротивно на правосилна судска одлука од Основен суд Неготино, со која му била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство и отишол во домот на семејството, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.

Од СВР Велес информираа за уште еден случај во кој кавадарчанец пред влезот на неговиот дом бил физички нападнат од сограѓанин. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости