И на изборите во 2024 година, Мицкоски пак ќе изгуби, велат од СДСМ

by Fokus

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на штета на граѓаните. Виде Мицкоски дека неговите деструктивни политики немаат никаква поддршка, па си нарача фингирани анкети за да му го чуваат стравот да не ја изгуби фотелјата во Белиот дворец, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски може да бара референдум, да бара предвремени избори, ништо не го менува фактот дека неговите блокади и деструкции се поразени.

Парламентарни избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин и на тие избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубат, затоа што нивните деструктивни политики немаат поддршка од граѓаните.

До следните парламентарни избори, државата ќе продолжи по европскиот пат, Владата, парламентарното мнозинство и институциите продолжуваат со реформите важни за граѓаните и државата, продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости