Ја позајми колата од братучед му, па ја продаде за 4.500 евра

by irena 13:21
13:21

Гостиварец го позајми автомобилот од братучед му и без негово знаење го продаде за 4.500 евра.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 26. септември минатата година, пријавениот позајми патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продаде за 4.500 евра на друго лице од Скопје.

Слични вести