Ја олесниле банката во која работат за 200.000 евра

by Фокус

Скопското обвинителство поднесе кривична пријава на лицата Ј.П.(62), И.Ч.(46) и П.К.(53), сите од Скопје, за кражба тешка над 200.000 евра од една домашна банка.

На првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека другите двајца се во домашен притвор.

– Првопријавениот како главен трезорист во банката, а второпријавениот како трезорист и третопријавениот како одговорно лице за имот и безбедност, кое меѓу другото бил одговорен за полнење на надворешните банкомати на подрачјето на град Скопје, во неколку наврати – еднаш наврат во јуни, еднаш во јули и девет пати во август годинава, од банкомати – сите на подрачје на град Скопје, присвоиле вкупно 13.568.500 денари од централниот трезор на банката, кои им биле доверени во работењето – информира полицијата.

Извршени се претреси кај трите лица, при што кај од првопријавениот се одземени штедни книшки од две банки на негово име и уплатница за користење сеф во трета банка за 2015 година, додека кај останатите две лица не се пронајдени траги и предмети важни за кривична постапка.

Поврзани новости