Ја обвинувал за неверство, ја давел и силувал – шест години затвор за 34-годишник од Сплит

by irena 22:19
22:19

Маж на 34-годишна возраст од Сплит е осуден на единствена казна од шест години затвор за шест кривични дела извршени против неговата сопруга. Тој е прогласен виновен за силување, четири дела блуд и семејно насилство, пишува „Далматински портал“.

Сè се случило пред неколку години во домот на жената, откако таа му рекла на својот сопруг дека ќе го напушти. Според пресудата, тој ја силувал додека спиела, и покрај нејзиното противење. Дури ни нејзините солзи не го спречиле во тоа.

Покрај тоа, тој извршил непристојни дела во четири наврати, исто така додека таа спиела. Мажот е осуден и за семејно насилство затоа што ја навредувал секој ден, ја обвинувал за неверство и ја принудувал да признае афера што не постоела. За време на расправија, тој насилно ја турнал и почнал да ја дави, но таа успеала да се ослободи и да избега.

Тој е осуден на пет години затвор за кривичното дело силување. Добил шест месеци за секое од четирите дела блуд и една година за семејно насилство. Судот ги спои сите казни во една казна од шест години.

Покрај затворската казна, му беа изречени две безбедносни мерки: задолжителен психосоцијален третман и заштитен надзор по издржувањето на казната.

Слични вести