Ја киднапирал од работа и ја однел накај Велес, успеала да побегне

by Fokus

Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал Ќ.М.(23) од Скопје и насилно ја внел во aвтомобилот со кој се упатил кон Велес.

Во близина на езерото Младост, таа успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес. Непознатото лице се приближило на девојката вчера околу 15.40 часот на  бул. „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче, кога таа излегла од зградата каде што работи. Ја втурнал во возилото со кое се упатил по стариот пат Катланово -Велес.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

Поврзани новости