Извршителка го дозаглави, отишла да му го попише мебелот го пријавила за недозволено поседување оружје

by Fokus

Вчера во куќа во Гостивар, извршителка отишла да го попише мебелиот, а наишла на оружје за кое сопственикот не поседувал дозвола, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 11.30 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, во куќата сопственост на Ф.Ј.(42), при извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли: „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм. За пронајденото оружје, Ф.Ј. не поседувал дозвола. Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости