Извршители кај Орце Камчев, се продава „Здравје Радово“

by fokus

„Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава, објави телевизија Алсат. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.

Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.

Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.

Од НЛБ Банка велат дека банката во моментов не води никаква постапка за присилна наплата против Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.

-НЛБ Банка АД Скопје има започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија акционерско друштво од Битола, а заради наплата на побарувања. Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје. НЛБ Банка дејствува согласно законските прописи и сите наши активности се насочени пред се кон заштита на интересите на нашите депоненти и интересите на Банката воопшто, објаснуваат од банката.

Поврзани новости