649
Три жени од тетовско село вчера во полициската станица во Тетово пријавиле дека 43-годишен соселанец извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.
Со судска наредба полициски службеници извршиле претрес во домот на 43-годишниот Ф.А. каде пронашле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал. 9 мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата.
Осомничениот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.