Извршил обљуба врз 17-годишна девојка, која останала бремена

by Фокус

Непознато лице пред околу 4-5 месеци ја пресретнал мојата 17-годишна ќерка кај Железничката станица во Скопје, ја внел во возило и извршил обљуба, пријавил 54-годишен скопјанец во полициската станица во Гази Баба.

Пријавителот пред полицијата посочил дека за настанот дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со неговата ќерка.

„Родителите ја однеле девојката на преглед во Гинеколошко-акушерската клиника при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана бременост“, соопштија од МВР.

Поврзани новости