Товарно возило се превртело во близина на Битола, возачот е повреден

by Фокус

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Битола, повреден е 66-годишен ботилчанец откако вчера околу 16,10 часот, кај местото викано „Црвен”, се превртело товарно моторно возило ,,Мерцедес” што го управувал.

Според МВР, по незгодата, возачот С.С. поради повредите бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за да му биде укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости