ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КАНОИЛ (100% ПРИРОДЕН CBD ЕКСТРАКТ) ПРОИЗВОДИТЕ НА РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ, Скопје

by fokus

КАНОИЛ е линија на производи кои содржат природен екстракт од канабис со точно декларирана концентрација на непсихотропен CBD (Cannabidiol) кој се наоѓа во својата најделотворна, декарбоксилирана, липофилна форма.

Сите влезни суровини; растителни масла и екстракти се набавуваат од земји членки на Европската Унија. Производите содржат 100% природни екстракти од цвет на канабис, без присуство на хербициди и пестициди. Финалните производи се добиваат со постапка на супер критична CO2 екстракција, што исклучува присуство на токсични органски растворувачи и обезбедува зачувување на ЦБД и останатите канабиноиди кои се високовредни и стандардизирани.

Бидејки не се работи за конвенционални медицински производи кои содржат хемиски супстанции, туку се работи за 100% природни екстракти, разбирливо е производите да имаат дозволена варијабилност во изгледот, вкусот, густината, вискозноста и бојата oд бистри до слабо заматени со жолтеникава до зелено-кафена боја, што особено зависи од самото растение кое било предмет на екстракција (прусуството на смоли, восоци, хлорофил, терпеноидни соединенија и сл.), како и условите на екстракцијата, што нема никакво влијание врз квалитетот и ефикасноста на производите.

Без исклучок, процентот на декларираните канабиноиди во сите производи е строго контролиран и докажан. Физичко-хемиски и микробиолошки се во сообразност со јасно дефинираните параметри за квалитет, одобрени од страна на МАЛМЕД.

 

Поврзани новости