Нема турнеја низ Северна Америка, Мик Џегер оди на операција за срцето

by fokus

„Ролинг стоунс“ ја одложија својата летна турнеја низ Северна Америка, бидејќи Мик Џегер (75) оди на операција за срцето, па за тоа треба одредено време за рехабилитација потоа.

– Жалам што морам да ве разочарам вака. Многу сум тажен што Ви соопштувам дека ја откажувам турнејата до целото мое опоравување и ќе се потрудам да се вратам на сцената најбргу што можам, соопшти Џегер.

Операцијата е закажана за оваа седмица.

– Лекарите му препорачаа на Мик Џегер да не оди на турнејата заради медицинскиот третман. Тие го советуваа и дека треба да се врати на сцената откако целосно ќе закрепне, изјави претставник на рок-бендот.

Турнејата под наслов „Без филтер“ беше закажана да трае од 20 април до 29 јули. Групата соопшти и дека билетите кои луѓето веќе ги купиле, ќе важат за концертите што допрва треба да се закажат.

Рок-групата „Ролинг стоунс“ постои од 1962 година.

Поврзани новости