Извештајот на МЖ-Транспорт пред Владата, директорот на годишен одмор

by fokus

Разгледувањето на извештајот за работа на Акционерското друштво Македонски железници – Транспор било одложено на вчерашната владина седница поради отсуство на в.д. директорот Игор Коруновски. Иако е потребно неговото приуство да го образложи извештајот пред претседателот и министрите на Владата, Коруновски отсуствувал од седницата затоа што деновиве го користи своето право на годишен одмор.

Освен за извештајот дневниот ред предвидуваше дискусија и за други активности на едно од најнесолвентните претпријатија во државата. МЖ-Транспорт со години наназад се соочува со финансики проблеми. Неколку пати железничкиот систем беше во колапс поради штрајк на вработените за неисплатени плати. На почетокот од годинава возовите во неколку наврати не сообраќаа затоа што вработените си ги бараа своите задоцнети плати и се жалеа на недостоинствени услови за работа.

Поврзани новости