Политичка поларизација во Парламентот, злоупотреба на механизмот „европско знаменце“, кочење на важни закони, седниците за пратенички прашања се одржуваат многу ретко – Собранието доби најмногу забелешки во годишниот извештај на Европската Комисија за Македонија.
Иако има подобрување, сепак Европа бара поголема реформа на правосудството и посилна борба со корупција. Овие две точки остануваат за бидат главни предизвици за Македонија, но и за другите земји од Западен Балкан. Според Европската Комисија, Парламентот треба да игра активна и позитивна улога во процесот на преговори за пристапување во ЕУ.
Работата на Собранието е нарушена со политичката поларизација, што го одложува усвојувањето на многу закони. Потребно е добро планирање и консултации за да се ограничи носењето на закони по брза постапка, а пратеничките прашања треба да бидат почести“, се наведува во извештајот.
Извештајот го презентираше еврокомесарот Оливер Вархеји, кој забележа дека е важно Македонија да го задржи реформското темпо и за време на скринингот да го искористи својот потенцијал за забрзување на реформите.
Македонија покажа посветеност и направи стабилен напредок во имплементирање на европските реформи. Но, земјата мора да ја задржи брзината и да го искористи целиот потенцијал на скрининг процесот за забрзување на спроведувањето на европските реформи“, изјави Оливер Вархеи, еврокомесар за проширување на ЕУ“, изјави Вархеји.