Извештаите за разузнавање ги пречекаа пратениците на првиот ден работа по одморите

by fokus

На првиот ден на работа во Собранието по годишните одмори пратениците ќе расправаат по извештаите за разузнавање. Седницата на Комисијата за надзор над разузнавачките агенции е закажана со недели однапред.

Пратениците денеска ќе го разгледуваат извештајот за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година, како и извештајот за работа за минатата година на Агенцијата за разузнавање.

Се очекува присуство на првите луѓе на Управата и на Агенцијата иако тоа не беше пракса додека со УБК раководеше поранешниот директор, Сашо Мијалков, кој никогаш не се појави на комисиските расправа. Нов директор на УБК е Горан Николовски.

 

Поврзани новости