Локалите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“ казнети поради прегласна музика

by fokus

По налог на Општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите “Интермецо“, “Бастион“ и “Џуси бар“. Кај овие 3 локали констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница, информираат од Општина Центар.

Од таму додаваат дека казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

„На пријава од граѓани, овластен инспектор од Општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината. Општина Центар и градоначалникот Жерновски повторуваат дека нема да дозволат загрозување на мирот  на жителите и ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите. Затоа уште еднаш ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, велат од Центар.

Поврзани новости