Од канцеларијата на комесарот Јоханес Хан информираат дека партиските лидери бараат нов датум за изборите.
За Алсат М од канцеларијата на Хан денеска велат дека суштината на договорот е важна за изборите: „Бидејќи не сите политички лидери претходно потврдија датум за одржување на изборите, комесарот даде јасно до знаење дека сега е веќе нивна одговорност да постигнат согласност и да излезат со нов датум за изборите. Комесарот Хан побара од сите лидери да го потврдат нивниот ангажман и да продолжат со исполнување на спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, како и приоритетните реформи. Политичките лидери го потврдија тоа. Ова го сочинува и најважното прашање за комесарот: Постигнување напредок за суштината и содржината на договорот”, се вели во реакцијата испратена до Алсат.
Денеска и од ДИК потврдија дека не е можно да се прочисти списокот до 24 април. Со оглед на тоа што Груевски не поднесе оставка во договорениот термин од 15 ти јануари, веќе е сосема извесно дека ќе има нов термин за изборите. Имено на 15 тио јануари веќе требаше да има нов премиер, што не се случи.