Стевчо Јакимовски ги повика Груевски и Ахмети да се организираат избори на 24 април

by Фокус

ГРОМ како политичка партија уште од самиот почеток гледа со скептицизам кон Договорот од Пржино. Ова го изјави лидерот на Граѓанската опцијаза Македонија ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешната прес конференнција по повод актуелната политичка криза.

– Господине Груевски и господине Ахмети избори без опозиција не бидуваат, но исто така и оваа ситуација ептен не ја бидува. Преземете си одговорност, за која сте бирани и имате мнозинство во Парламентот и да излеземе од оваа шизофрена ситуација. Или нека се одржат избори на 24 април годинава, или прифатето го барањето на Заев за одлагање на изборите за 24 април 2018 година и поништување на Договорот од Пржино, а со тоа и министерчињата од СДСМ да си се вратат од таму кај што дошле, и Владата да продолжи да работи со полн капацитет, повика Стевчо Јакимовски.

На новинарски прашања дали треба да се распушти Парламентот и да се одржат избори на 24 април и дали избирачкиот список може да биде до тогаш прочистен, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски одговори дека треба да се распушти Парламентот и да се одржат предвидените  избори  на 24 април и дека СДСМ со контролата врз МВР и ДИК има доволно време ако сака, да го прочисти избирачкиот список и да оди на избори.

Поврзани новости