Израелски ракети гаѓале позиции на сириската армија

by Fokus

Сириската државна телевизија денеска јави дека израелски ракети ги гаѓале позициите на сириската армија јужно од главниот град Дамаск и предизвикале штета, но нема жртви.

Повикувајќи се на неименуван воен претставник, телевизијата јави дека израелски авиони истрелале неколку ракети додека летале над Голанската Висорамнина синоќа пред полноќ.

Во извештајот се додава дека сириската воздушна одбрана соборила поголем дел од проектилите.

Израел не го коментираше нападот.

Израелски ракети истрелани врз централна Сирија на 13 мај убиле пет лица, меѓу кои еден цивил, а запалиле земјоделско земјиште во областа, јавуваат сириските државни медиуми.

Израелската војска во последниве години постојано напаѓа цели во Сирија, но ретко презема одговорност за таквите операции.

Поврзани новости