Израелската војска тврди дека ја пробила одбраната на Хамас

by Fokus

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека ИДФ ја пробила одбраната на палестинската милитантна група Хамас во градот Газа, од север и од југ.

Тој изјави дека ИДФ го контролира воздушниот простор во северна Газа, вклучувајќи го и градот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ја овластив армијата да продолжи да напредува, и денес и во следните денови, за извршување на задачите. Нема да има безбедно место за Хамас додека не ја завршиме нашата мисија и не ги вратиме заложниците“, рече Галант.

Поврзани новости