Финска размислува да ги затвори граничните премини со Русија

by Fokus

Финските власти најавија дека размислуваат да го ограничат граничниот сообраќај или дури да ги затворат премините со Русија поради зголемувањето на бројот на илегални премини на мигранти.

Премиерот Петери Орпо рече дека Русија намерно им дозволува на мигрантите да ја преминат границата и покрај недостигот на валидни документи, додавајќи дека тоа е обид да ги дестабилизира соседите.

„Се чини дека тоа е намерна одлука. Пораката на владата е јасна, сакаме да ја обезбедиме безбедноста на нашите граници“, рече Орпо.

Финска дели граница од 1.340 километри со Русија.

Поврзани новости