87
Израелските одбранбени сили претресоа две училишта во градот Газа каде што тврдат дека се криеле членови на Хамас.
ИДФ соопшти дека во населбата Римал, во која се наоѓале училиштата, убила неколку борци на Хамас, додека оперативците кои биле во училиштата и се предале на израелската армија, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Војниците на бригадата Киријати претресоа неколку станови во јужниот град Кан Јунис во Газа, каде што беше пронајдено оружје и тунели што ги користеле борци на Хамас“, се наведува во соопштението на ИДФ.
Израелската армија соопшти и дека идентификувала сомнително движење на покривот од зграда во областа Џабалија, од каде што претходно бил отворен оган врз израелските војници, по што бил извршен воздушен напад врз зградата.