Израелската армија доби наредба: „Одиме на целосен напад“

by Fokus

Израел преминува кон „целосна офанзива“ на Појасот Газа, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галан.

„Ги отстранив сите ограничувања, ја вративме контролата врз областа и сега преминуваме на целосен напад“, рече Галан во своето обраќање пред израелските војници на границата со Појасот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој им порача на војниците дека ќе ја видат промената.

„Тука ќе имате способност да ја промените реалноста. Ги видовте цените што се плаќаат и ќе ја видите промената. Хамас сакаше промена во Газа, а промената ќе биде 180 степени поинаква од она што го замислуваше“, рече Галан.

Тој истакна дека Газа „никогаш нема да се врати на она што беше“.

„Кој и да дојде да обезглави, убива жени, преживеани од Холокаустот, ние ќе го елиминираме со сите сили и без компромиси“, рече Галан.

Израелскиот министер за одбрана претходно нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа и изјави дека Израел се бори против, како што рече, „животни во човечка форма“.

Вчера беше спречено снабдувањето со електрична енергија, храна, гориво и вода од правец на Израел до Појасот Газа.

Поврзани новости