Израел започна со воздушни напади против милитантни цели во појасот Газа, откако беа истрелани ракети од територијата кон Ерусалим.
Палестинското министерство за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопштило дека во нападите починале 20 лица, вклучително и деца.
Во Ерусалим, пак, ракетниот оган предизвикал израелски парламент да се евакуира при звукот на сирените.
Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија во последните неколку дена.
Лидерите на Хамас во Газа се заканија со напад откако денеска стотици Палестинци беа повредени во судирите со израелската полиција во Ерусалим.
Израел соопшти дека убиле најмалку тројца милитанти на Хамас, а според Би-Би-Си, еден од нив е командант на бригадите.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека Хамас „ја преминал црвената линија“ и дека „сегашниот конфликт може да продолжи“.
Изминатите неколку дена се случи најголемото насилство во Ерусалим по години наназад, со повеќе од 300 Палестинци ранети во судирите со израелската полиција пред џамијата ал-Акса.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата.
-Ги осудив овие подмолни напади што ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме се за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, за да престане теророт и окупацијата – порача тој.