Бектеши: Свадби ќе се организираат од крајот на мај според одобрени протоколи

by Фокус 22:30
22:30

На крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ 21.

-Доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени – истакна тој.

- Advertisements -

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека се уште е рано да се организираат свадби, концерти и останати настани.

Поврзани новости